top of page

"One child, one book, one teacher, One pen can change the world"

Malala Yousafzai (Speech before the United Nations, July 12, 2013)

Solidarity for equality: Quote

СОЛИДАРНОСТ ЗА ЕДНАКВОСТ - САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА ЗА ОТВОРЕНИ СРЦА

2019-1-RO01-KA229-063063_4

          „Солидарност за еднаквост - само небото е граница за отворени срца“ / “Solidarity for equality - only the sky is the limit for open hearts”  е Erasmus+ проектот којшто опфаќа мобилност и размена на добри практики и навики меѓу ученици и наставници.

          Училиштето не треба да се фокусира само на знаењето, туку и на меѓучовечките односи. Училиштето мора да биде место кое ќе поттикнува кохезија. Токму затоа, проектот е дизајниран да ја истражи различноста работејќи на вклучување на разнолики ученици во еднообразни активности. Учениците ќе имаат главна улога во спроведувањето на активностите, а тоа ќе им овозможи да развијат свои лични вештини и способности. Проектот ќе се имплементира во шест училишта помеѓу ученици од приближно иста возраст, со времетраење од 1.9.2019 година до 31.8.2021 година.

          Училишта во кои ќе се спроведува проектот:

Liceul Tehnologic "Mihai Eminescu" Dumbraveni Suceava, Romania, како училиште, координатор на проектот;

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево;

ООУ „Мелоди Митревски - Брицо“ - Лозово;

CPI Santa Lucía, Moraña, Spain

Szkola Podstawowa nr 85, Gdansk, Poland

Osnovna skola “Belica” Cakovec, Croatia          

                                    

          Цели на проектот:

1. Поттикнување на емоционалната зрелост, емоционална писменост и емпатија кај учениците;

2. Градење капацитет кај учениците за интегрирање на  доживотни вредности во нивната личност, вредноста на солидарноста (поголема чувствителност на проблемите со нееднаквоста и социјалната маргинализација, нивната заложба за социјално и образовно вклучување);

3. Градење самодоверба кај учениците;

4. Создавање позитивна училишна клима каде учениците ќе се грижат едни за други.


                                                                                 Координатор на проектот во нашето училиште:

                                                                           Елизабета Арсоска, наставник по македонски јазик

Solidarity for equality: Text
Solidarity for equality: Pro Gallery
bottom of page