ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
НА КОНВЕНЦИЈАТА
ЗА ПРАВАТА
НА ДЕТЕТО
ВО МАКЕДОНИЈА
Конвенцијата за правата на детето е меѓународен договор донесен од страна на Обединетите нации во кој се содржани правата кои им припаѓаат на сите деца насекаде низ светот.
Конвенцијата ги утврдува темелните стандарди за добросостојбата на децата во различните фази на нивниот развој. Земјите што ќе ја прифатат (ратификуваат) оваа Конвенција, преземаат обврска да создадат услови за практично остварување на детските права. Оваа Конвенција е првиот универзален правно обврзувачки акт за правата на детето во историјата. Во него се опфатени сите суштински права на детето, коишто дотогаш беа разделени во поголем број меѓународни договори. ОУ Кузман Јосифоски - Питу - Кичево е дел од овој проект како модел училиште. Наши ученици учествуваа на Интеркултурна размена во детското село „Песталоци“ во Троген, Швајцарија.
Координатор: Драган Андрески