top of page

ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ:
НАЗАД КОН ПРИРОДАТА / BACK TO NATURE

                                Координатор: Елизабета Арсоска

       „Назад кон природата“ е Erasmus+ проект којшто опфаќа мобилност и размена на добри практики и навики меѓу ученици и наставници. Концептот на проектот е заснован врз внесување на природните елементи на природата (пред сѐ познавањето на растенијата) во секојдневниот живот.

     Проектот ќе се имплементира во четири училишта помеѓу ученици од приближно иста возраст, со времетраење од 1.9.2019 година до 31.8.2021 година.

     Училишта во кои ќе се спроведува проектот:

- Primary School “Belica” - Croatia, како училиште, координатор на проектот;

- ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево;

- Istituto Comprensivo Vincenzo Tortoreto – Italy;         

- Escola Pia, Olot – Spain.

          Цели на проектот:

1. Поврзување со природата и природните блага;

2. Враќање кон старите традиционални рецепти;

3. Развој на самосознанието и духот на индивидуалните и колективните истражувања, почитта кон себеси и другите;

4.  Стекнувањето на чувство за почитување на правилата, како неопходна компетентност на идните европски граѓани;

5. Промоција на интергенерациска соработка;

6. Подобрување на јазичните способности на учениците и наставниците.

Back to nature: Text
Back to nature: Pro Gallery
bottom of page