top of page

ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ:
ДЕНЕС САМ, УТРЕ ВО ТИМ...

2019-1-EЕ01-KA229-051587_5

         „Денес сам, утре во тим - креативна настава за инклузивно училиште“ / “ Today Alone, Tomorrow in a Team! - Creative Learning for an Inclusive School” е Erasmus+ проектот којшто опфаќа мобилност и размена на добри практики и навики меѓу ученици и наставници.


         Во текот на спроведување на овој проект, учениците ќе имаат можност да ја сфатат суштината на тимската игра, предностите кои ги дава за целокупниот развој на општеството. Преку игри и активности ќе ја научат разликата помеѓу тимскиот и индивидуалниот дух. Учениците ќе имаат главна улога во спроведувањето на активностите, а тоа ќе им овозможи да развијат свои лични вештини и способности. Проектот ќе се имплементира во шест училишта помеѓу ученици од приближно иста возраст, со времетраење од 1.9.2019 година до 31.8.2021 година.


         Училишта во кои ќе се спроведува проектот:

Pärnu Kuninga Tänava Põhikool„ Estonia, како училиште, координатор на проектот;

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево;

Scoala Gimnaziala Magura, Romania;

Instituto De Educación Secundaria Avempace, Spain

XII I.C."V.BRANCATI", Italy

Cumhuriyet Ortaokulu, Turkey      

                                                                                                                                                                                            Цели на проектот:

1. Интеграција на  играта како начин на инклузија;

2. Враќање на старите традиционални игри во училиштето и елиминирање на насилството во училишните дворови;

3. Препознавање на суштинската вредност на правилата;

4.  Стекнувањето на чувство на почит кон правилата  што е неопходна компетентност за идните европски граѓани;

5. Развој на самосознанието и духот на индивидуалните и колективните истражувања, почитта кон себеси и другите;

6. Промоција на интергенерациска соработка;

7. Создавање на училница каде сите деца ќе бидат еднакви.

                                                                                               Координатор на проектот во нашето училиште:

                                                                                        Елизабета Арсоска, наставник по македонски јазик

Creative learning: Text
Creative learning: Pro Gallery
bottom of page