top of page
Students During Break

УЧЕНИЧКИ ТЕЛА

Училишна заедница

Училишната ученичка заедница е највисока форма на организирање и дејствување на учениците во училиштето. Ги опфаќа учениците од V до IX одделение.

Секоја паралелка делегира по двајца претставници во училишната заедница. Претставниците бираат свое раководство: претседател, заменик и записничар.

Својата работа училишната заедница ја остварува преку однапред изготвена програма за работа.

Работата на училишната заедница ја помага директорот на училиштето, стручната служба и наставниците.

На состаноците се водат записници за заклучоците, предлозите и мислењата, кои произлегуваат од самите состаноци, a претставниците на паралелките се должни да ги информираат своите соученици за сите подробности од тие состаноци.

Училишната заедница ја следи, насочува и координира работата на ученичката заедница.

Раководство на ученички парламент:
1. Петар Таневски - претседател
2. Давор Смилески  - заменик претседател 
3. Михаил Стефаноски - секретар


Ученик правобранител:
Давор Смилески 

Ученички тела: About Us
Ученички тела: Gallery
bottom of page