top of page
%D0%BA%D1%83%D0%B7%D0%BC%D0%B0%D0%BD%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%BE%20%D0%BD%D0%B5%D0%B1%D0%BE_edi

​Мисија на училиштето
„Ние сме воспитно-образовна институција која ја негува современата настава, која гo поттикнува критичкото мислење и решавањето проблеми и ги развива позитивните човечки вредности, секогаш подготвена за промени во насока на подобрување на воспитно-образовниот процес“


Визија на училиштето
​„Сакаме да бидеме воспитно-образовна институција која константно ја осовременува наставата во концептот на училиште на 21-от век. Училиштето да биде безбедна и пријатна институција за сите, која што овозможува инклузивност на сите различни, а сепак исти. Успешно да се промовираме локално, регионално и пошироко во светот.“

Училиштето, како воспитно – образовна институција е место кадешто се исполнуваат следниве  задачи: оспособување за живот, понатамошно образование и самообразование; совладување на основните елементи на современото општо образование; оспособување за примена на стекнатите знаења, умеења и правилно користење на слободното време; развивање на интелектуалните и физичките способности, критичко мислење, самостојност и интерес за многу знаења; познавање на основни законитости на природата, општеството и човечкото мислење; стекнување и развивање свет за потребата од чување на сопственото здравје и заштита на животната средина; развивање на хуманост, чувство на припадност во заедницата и други етички елементи на личноста; воспитување за хуман и културен однос меѓу луѓето без да се прави разлика меѓу пол, вера, раса, националност и лично верување; негување и развивање на културата и културното наследство; стекнување на основни познавања за убаво  однесување.

За да се постигнат овие цели и задачи училиштето во текот на учебната година посебно внимание ќе посвети и ќе прави напори за обезбедување средства за уредување и оградување на училишниот двор, набавка на опрема и наставни помагала за исполнување на наставните и воннаставните активности, стручно усовршување на наставниците, подигање и негување на креативна и интерактивна настава, како и набавка на стручна литература.

Мисија и Визија: Academics
bottom of page