„НЕ ПОСТОИ ПОЛОЈАЛЕН ПРИЈАТЕЛ ОД КНИГАТА.“
Ернест Хемингвеј
Училишна библиотека
Во рамките на ОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Кичево организирана е училишната библиотека како посебна единица на образовниот систем на училиштата, наменета за воспитно – образовните и културните потреби на учениците и наставниот кадар. Располага со соодветен и современ библиотечен материјал, како на пример литература за наставниот кадар, задолжителни лектири, сликовници, актуелна литература за деца и возрасни.
Со своите фондови им помага на учениците и наставниците во извршувањето на секојдневните задачи и осовременување, односно унапредување на воспитно – образовниот процес. Всушност, библиотеката е целосно инкорпорирана во наставниот процес.
Оттука, улогата и работата на библиотекарот како стручен соработник во училиштето произлегува од динамичноста и комлексноста на активностите кои треба да ги реализира во училишната библиотека.
Активностите кои ги презема училишниот библиотекар за менаџирање во библиотеката се одвиваат преку реализирање на библиотечно – информативна и стручна активност, културно и јавната дејност и воспитно – образовната активност кои произлегуваат од програмските подрачја за работа на библиотекарот. Со својата работа библиотекарот ги промовира сите форми и методи на воспитно - образовниот процес преку работата со учениците, наставниците, стручните работници и другите органи во училиштето и институции надвор од него.
Библиотекарот секојдневно извршува инструктивна групна и индивидуална работа на учениците преку усна и писмена форма, и тоа препишување, раскажување, илустрација на прочитана содржина, рецитација, разработка на содржина и сл. Во соработка со наставниците, библиотекарот организира часови чиишто содржини се во корелација со наставниот материјал и програмата.
Исто така, во рамките на училишната библиотека се одвиваат литературни читања, креативно – творечки работилници, литературни конкурси, книжевни средби со современи писатели, организирани посети на библиотеки и други институции релевантни, посета на Саемот на книгата и сл.
Воедно, библиотекарот активно учествува во организирање и реализација на сите културни настани во училиштето.