top of page

ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТ: „МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ – ВИДИ ГО СВЕТОТ ПРЕКУ ОЧИТЕ НА РЕАЛНОСТА“

                         (2019-1-ES01-KA229-063896_4)

„Медиумска писменост – види го светот преку очите на реалноста“ е Erasmus+ проектот којшто опфаќа мобилност и размена на добри практики и навики меѓу ученици и наставници. Концептот на проектот е заснован врз потребата да се зајакне критичкото размислување на децата и медиумската писменост, за тие да можат да ги препознаваат лажните вести, да се заштитат од сајбер опасностите на 21 век. Проектот ќе се имплементира во четири училишта помеѓу ученици од приближно иста возраст, со времетраење од 1.9.2019 година до 31.8.2021 година.

Училишта во кои ќе се спроведува проектот:

CPI Santa Lucía, Moraña, Spain, како училиште, координатор на проектот;

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево;

Scoala Gimnaziala Elena Farago, ROMANIA;  

IC La Pira Gentiluomo, Italy.

        

          Цели на проектот:

1. Овозможување на родителите мудро да го водат своето дете при користењето на медиумските „екрани“;

2. Овозможување на децата над 6 години да стекнат одредена хигиена на животот и дигитална култура;

3. Алармирање на родителите за предностите и опасностите со користењето на медиумите;

4. Развивање на знаењето, духот на индивидуалните и колективните истражувања;

5. Развивање на критичкото размислување за медиумите;

6. Справување со прекумерното играње на видео игри;

7. Поголема социјализација помеѓу учениците;

8. Превенција од сајбер насилство;

9. Јакнење на образовните капацитети во Европски рамки;

10. Подобра социјална кохезија.

                                                 Координатор на проектот во нашето училиште:

                                              Елизабета Арсоска, наставник по македонски јазик

Media literacy - See the world through the eyes of reality: Text
Media literacy - See the world through the eyes of reality: Pro Gallery
bottom of page