top of page
479555945_1071316818129329_8764241482021129370_n.jpg

ООУ „Кузман Јосифоски - Питу“  Кичево

Добредојдовте на официјалната веб страна на училиштето

НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ

Почетна: What's Happening
43.jpg

Распоред на смени 
01.09.2025

Продолжен престој
01.09.2025

Историјат

Основното училиште „Кузман Јосифоски - Питу“ е основано во далечната 1961 година, кога започнала настава во две бараки со седум училници и една канцеларија за наставниците. Во септември 1962, во употреба биле пуштени уште две бараки и била формирана првата училишна библиотека. На почетокот училиштето ги задоволувало просторните потреби, но поради зголемувањето на бројот на ученици дел од пониските одделенија од прво до четврто одделение, наставата ја држеле во гимназијата „Мирко Милески“ и во металното училиште, а веќе од учебната 2007/2008 во употреба е пуштена новата училишна зграда.
Добрата местоположба, новата зграда, стручноста на наставниот кадар и раководниот тим на училиштето секојдневно придонесуваат за зголемување на интересот кај учениците за  учење и унапредување.
Денес наставата се одвива во 16 училници и неколку кабинети.

кузман.jpg
Почетна: Quote
528330622_24401091989485083_5365807650506712034_n.jpg

Почитувани првачиња, драги ученици
 
Пред вас е вашата животна трка по знаења, трка по која од ден на ден ќе бидете сѐ побогати. Колку ќе бидете вредни, упорни и истрајни во таа трка, толку поблиску ќе стигнете до целта да станете почитувани и ценети личности.
За да го постигнете тоа треба редовно да ги исполнувате вашите задачи, да бидете вредни и активни ученици.
Нашите вработени се трудољубив тим кој ќе ви пренесе искуство и можности за изучување кој ќе овозможи да го искористите вашиот потенцијал во сите области и ќе ве поттикне да ги развиете вашите вештини. Целта на нашиот тим е да создадеме ученици кои ќе бидат независни, ќе имаат голема самодоверба, кои ќе си постават високи цели и ќе имаат позитивен начин на размислување кој ќе им биде од голема корист во понатамошното учење и живот.  

Затоа бидете горди што сте дел од најдоброто училиште, дел од ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ Кичево

Почетна: Quote

 ОУ „Кузман Јосифоски -Питу“ Кичево

bottom of page